Хамилтон: Прошетката по Имола ме потсети на Сена

Луис Хамилтон откри дека првичната прочетка по Имола го потсетила на неговиот херој од детството, прерано починатиот бразилец, Аиртон Сена.

Вообичаено Луис не шета по патеката во Петок, но поради скратената програма тој ја мина Имола со својот тротинет.

јасно е дека историјата од 1994 година секогаш ќе се памети. денеска бев по патеката и кругот е навистина посебен по ваква историска патека која многу потсетува на тргичната несреќа која го зеде животот на сена.

Сепак, емоционалниот круг по Енцо и Дино Ферари исто така му го стоплиле срцето на шампионот и го потсетиле дека е привилегиран што ќе има можност да вози на автодромот.

се чувствувам нереално кога одам на вакви места каде како да возите низ тунелот во монако, возите на силверстон каде возеле многу славни возачи пред вас. си замислувам како пред 26 години аиртон бил тука и го правел ова што јас го правам и го сакам најмногу.

убаво е тоа чувство кога може да правите иста работа со вашиот херој, инаку трката би била само обична.

Патеката исто така го потстила Луис и на своите рани денови во спортот како и на првата посета на Италија.

бев импресиониран од околината и дрвата, прекрасната природа во прекрасниот дел од земјата. ме врати во времето кога прв пат дојдов во италија, а до тогаш се тркав во многу поинаквата британија и тамошните прјсажи. се сеќавам на моето прво доаѓање во италија што беше многу одамна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ