Хамилтон сакал да продолжи и покрај 106 извозени кругови

Луис Хамилтон имал толку добро чуство позади управувачот на В11 во вториот ден од предсезонските тестови што возачот на Мерцедес сакал да продолжи и покрај веќе извозените 106 кругови во денот.

Хамилтон беше само шести најбрз возач во утринскиот сегмент, но потоа се искачи при врвот, а пак Мерцедес почнаа со симулации на трка како дел од нивната програма.

Ова беше уште еден убав ден во Барселона и поминавме одлична километража. Како тим, ја поминавме симулацијата на трка во утринскиот дел, што е одлично за издржливоста и ја покажува нашата основа. Ова е можеби прв пат од кога помнам, да завршам сесија и да сакам да продолжам.

Имаше уште 20 минути и сакав да извозам уште кругови, но немавме повеќе пневматици. Чувството беше добро, а јас физички се чувствував одлично. Да мислам дека може да поминам уште 100 кругови е одлично чувство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ