Хамилтон сака нов договор до летната пауза

Луис Хамилтон сака да го потпише новиот договор со Мерцедес до летната пауза, бидејќи не сака да го повтори одолговлекувањето при потпишувањето на претходниот договор. 

Хамилтон и Мерцедес потпишаа едногодишно продолжување на договорот до крајот на оваа сезона во Февруари, откако долго време ги одложуваа преговорите. 

Ова нема да биде последна сезона за Хамилтон кој и претходно изјави дека планира да остане на гридот со Мерцедес. Тој дојде до третата победа од четири трки и ова е најдобар старт за него во една Формула 1 сезона. 

Не сакаме да се најдеме во позиција да го решаваме ова во јануари или февруари. Тоа ми го уништи целиот зимски одмор и верувам дека и на Тото не му помогнало.

Мислам дека не треба да ги форсираме работите и да сме одморени  за преговори. Тие се многу комплексни. Не е едноставна процедура бидејќи и работата не е таква. Има уште 19 трки и би било убаво да се договориме до паузата – посака лидерот во поредокот.

Мерцедес има две слободни места на крајот на сезоната бидејќи и договорот на Ботас завршува оваа сезона. Џорџ Расел има договор до крајот на сезоната со Вилијамс и се очекува тој да се префрли во Мерцедес, но Волф смета дека е прерано да се дискутира за ова. 

Хамилтон, кој е еден од најстарите возачи на гридот се пошегува дека сеуште има сила и дека се фокусира на неговата физичка кондиција. 

Би рекол дека сум посвесен за моето дело и тренинзите. Тренирам долго сам и мислам дека многу растам и се чувствувам одлично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ