Хамилтон: Се надевам се ќе биде во ред

Луис Хамилтон се надева на добра борба за титулата пред финалната трка во Абу Даби викендов.

Двајцата возачи се соочија на прес конференцијата во четвртокот откако минатата недела имаа доста инциденти во Џеда, трка на која Хамилтон победи со што се изедначија со поени. 

Мајкл Маси ги потсети тимовите и возачите дека било какво неспортско однесување на финалната трка ќе резултира со одземање на поени. Двајцата возачи изјавија дека такво нешто нема да се случи, а Хамилтон се надева дека ќе има фер борба. 

Овој викенд нема да си ја трошам енергијата на такво нешто. На крајот на денот треба да се верува дека сите се тука за да победат. МИслам дека сите така размислуваат. Не сакам да мислиме на тоа.

МИслам дека ќе има добра трка. Доаѓаме позитивно на ова место. Тие победија тука минатата година. Без сомнение беа силни, Но мислам дека и ние ќе бидеме силни овој викенд – посочи актуелниот првак.

Верстапен изјави дека со нетрпение чека да избегне контроверзни одлуки на финалната трка. 

Мислам дека целата сезона е контроверзна, Но не може ништо да се направи. Ќе се фокусираме на позитивни работи овој викенд. Сакаме акција на патеката, сакаме победа и мислам дека не треба да има контроверзни одлуки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ