Хамилтон се надева дека за промена Расел ќе експериментира

Луис Хамилтон се надева дека се ближи крајот на неговото експериментирање со В13 болидот на Мерцедес за време на тркачките викенди и дека тоа во иднина ќе продолжи да го прави неговиот колега.

Со цел да се решат проблемите со потскокнувањето кои ги ограничуваат перформансите на Мерцедес годинава, “сребрените“ се решија да експериментираат со искусниот Хамилтон за да го забрзаат развојот.

На Канадското Гранд При тимот стигна до одличен резултат со 3то и 4то место и тоа беше надеж дека фрустрирачкиот период пол со предизвици е завршен.

 можеби во вториот дел од сезоната, џорџ ќе експериментира. се обидуваме да напреднеме колку што можеме повеќе како екипа, но мораме и да бидеме претпазливи да не претераме со експериментите и да не го уништиме викендот.

научивме многу работи од викендот и подобрувања кои треба да ги направиме, иавме силен ритам што беше убаво да се види затоа што не е секогаш така – посочи седумкратниот порашен првак.

Иако немаше сила и перформанси да се присклучи во борбата за самиот врв помеѓу Макс Верстапен и Карлос Саинз, финишот на 3то место му ја разгорел желбата на Луис.

силверстон ќе биде толку значајна трка за мене и сакам само да бидам во борба со момците на самиот врв. на крајот на трката во канада, кога излезе безбедносното возило и имаше рестарт, се надевав дека ќе дојдам на врвот.

тоа беше сон, но не можев да издржам да бидам во борба со нив и не најдов начин, но беше супер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ