Хамилтон се надева дека нема да заостанува цела секунда

Луис Хамилтон се надева дека Мерцедес ќе бидат поблиску до својот ривал Ред Бул и дека таа разлика нема да биде повеќе од една секунда како во Саудиска Арабија. 

Тој заврши на петта позиција во Џеда со заостанување од 30 секунди зад победникот Серхио Перез и покрај безбедносното возило кое се појави на патеката. 

Доколку ја гледаме последната трка, имавме достоен резултат и покрај разликата од трката до квалификациите. Сепак, успеавме да завршиме на 4то и 5то место и сме на второ место кај конструкторите. Ги победивме Ферари и имаме подобар пакет од тоа што мислевме – оптимистички изјави седумкратниот првак.

Но сепак, Хамилтон е реален, но во исто време и песимист за шансите во Австралија. 

овој викенд се надевам на дожд затоа што Би било малку поинтересно. Се надевам и разликата дека нема да биде една секунда и да го згрешиме подесувањето. Имам одлични луѓе кои работат во фабриката и ги средуват проблемите, Но не се средуваат брзо и ќе ни бидат потребни неколку трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ