Хамилтон “се отвори“ околу загубата на Антоан Хубер

Луис Хамилтон ги откри своите емоции околу тоа што минувало низ неговиот ум по трагичната смрт на Антоан Хубер во Формула 2 на трката во Белгија.

Хубер го загуби својот живот во ужасна несреќа која се случи во една од трките во Ф2 првенството во Сабота на Белгиското Гранд При, додека Хамилтон имаше интервју со медиумите, гледајќи ги случувањата на ТВ екран до себе.

Шесткратниот шампион ги покажа своите емоции околу мислите кои поминале тој ден, со чувство на дежа-ву.

Многу нешта поминаа низ мојот ум. Го паметам Сена кога ја следеше несреќата на Роланд Раценбергер и неговиот лик. Имаше големо дежа-ву во тоа искуство.

Многу мисли поминаа низ мојот ум таа вечер. Се загрижив за момчето. Знам како е да се биде во Формула 2 и да се сонува за поголем успех.

Помислив на себе. Болидите се се уште небезбедни. Особено во пониските рангови, каде е сигурно помалку безбедно одколку кај нас. Потоа беше прашањето “уште колку“, “уште колку посакуваш?“. Го барав балансот.

Не го бркам “тоа“ бидејќи ми е потребно, јас го сакам тоа што го правам. Беше повеќе чувство на “Боже, можам да поминам повеќе време со семејството“ и сите такви работи на кои се потсетувате.

Сигурен сум дека кога ќе биде ваш последен ден и кога сте пред Светлите Порти, би сакал да помислам дека ќе бидам таму, гледате наназад кон својот живот, никогаш не се прашувате: “да имав повеќе пари“.

Секогаш посакувате да сте имале повеќе време. И можеби ќе жалите за многу работи: “Само да ја донесев таа одлука тој ден, ќе можев да поминам повеќе време со моите најблиски или што и да е“.

Тие работи минуваа низ мојот ум. Но никогаш не постоеше момент кога помислив дека ќе се откажам од тркањето. Стравот никогаш не се појави.

Тоа беше важно за мене. Ако тоа се појави, знам дека сум при крај на кариерата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ