Хамилтон се откажал со носење кацига во чест на Каперник

Луис Хамилтон откри дека бил предупреден за евентуални последици ако се трка со кацига со обележја во чест на НФЛ квотербекот, Колин Каперник, по што решил да не го прави тоа.

Актуелниот заедно со уште 13 возачи од гридот клекнаа и го спуштија коленото на земја како потег со кој се дава поддршка на борбата против расимот, потег кој Каперник го направи во 2016 година како протест против неправдата и полициската бруталнкост. Хамилтон сакал да има мотиви посветени на Колин на трката во Америка лани, но бил советуван да не го прави тоа.

од надвор бев советуван, од некој во америка кој е доста добро позициониран, дека тогаш не било време да го направам тоа затоа што ќе сум сносел големи последици. јас тој совет го послушав.

сеуште ја имам таа кацига која ја направив во чест на колин, а претходно разговарав со него и тој беше многу среќен и полн со поддршка. мило ми е што минатиот викенд му дадов поддршка и ќе продолжам да го следам движењето за борба против расизмот – најави хамилтон.

Возачот на Мерцедес откри дека сеуште не решил дали ќе клекнува пред стартот на секоја трка, но е повеќе од свесен дека дијалогот и борбата мора да продолжат.

мислам дека претстојниов викенд нема да го имаме тој простор пред химната каде ни се даде време и место да клекнеме. беше охрабрувачки да се видат голем дел од возачите и тимскиот персонал како спуштаат колегно на асфалтот.

ако имаме време можеби може да направиме нешто посебно со мојата екипа, но ни тррба време, а пред трка тоа е малку. мислам дека најважно е што малиот потег беше оправдан и признаен од луѓето.

мораме да продолжиме да го креваме гласот и да го користиме моментот да ја попкажеме свеснсота и да притискаме за промени. ништо нема да се промени за неколку недели, но јас ќе продолжам да давам се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ