Хамилтон се подготвува за борба со Макс

Луис Хамилтон се надева дека ќе го предизвика Макс Верстапен за победа на Австрлиското Гранд При откако се изненадил од перформансите во Мелбурн.

Иако нема завршено на повисоко од четврта позиција до сега оваа сезона, сепак, седумкратниот првак би сакал да го нападне Верстапен кој ќе стартува од пол позиција. Колегата од Мерцедес, Џорџ Расел, беше побрз од него на квалификациите ,но сепак Хамилтон очекува добра борба.

Среќен сум со ова затоа што е тотално неочекувано. Горд сум на тимот.

Џорџ беше извонреден денеска и одлично е што сме напред. Работиме напорно да се вратиме напред и да сме блиѝзску до Ред Бул. Се надевам дека ќе им направиме проблем на Ред Бул и времето ќе биде добро – оптимист е луис.

Хамилтон влета во гужва во последниот квалификациски дел и својот втор обид, но сепак не е многу разочаран што Расел завршил пред него.

Вториот круг не беше добар како првиот. Бев малку понапред во првиот сектор, но на крајот бев побавен. Не сум разочаран. Задоволен сум со позицијата и ќе дадам се од себе утре.

Хамилтон ќе стартува од вториот ред покрај Алонсо кој го престигна на првата трка во Мелбурн во 2007 година.

Сакам да бидам на прва позиција. Се надевам на истото од првата трка во 2007 година во првиот свиок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ