Хамилтон се присети на победата од Силверстон во 2008

Луис Хамилто откри дека мокрите квалификациите за Штаерското Гранд При, на кои патем победи, го потсетуваат на победата од Британското Гранд При во Силверстон во 2008 година.

Тој стигна до својата 89та пол позиција во Формула 1 кариерата по силниот дожд на Ред Бул Ринг и одложена квалификациска сесија за 45 минути. Тој имаше два фантастични кругови од кои последниот беше за 1,2 секунди побрз од следниот по вредност.

По квалификациите тој откри дека се чувствувал како едно со В11 болидот на Мерцедес на мократа патека.

имав фантастичен круг, оној последниот. мислам дека беше важно да се менаџира времето на патеката, да се менаџира со батеријата и да се знае кога да се искористи во текот на неколкуте кругови во квалификациски мод, да се создаде простор од оној пред вас и секако да не се прави никаква грешка.

последниот круг за мене беше најблиску со совршен со оглед на условите и тоа што дождот беше се посилен и поради тоа сум многу среен што го подобрив времето.

ме врати низ времето во силверстон во 2008 година и тогаш бев буквално едно со болидот, беше динамично од моја гледна точка и секоја кривина беше одлична. доаѓаат мокрите делови, се обидувате да го контролирате болидот и д не се доближите многу до тој пред вас затоа што тоа ќе биде уште потешко – се присетува луис.

Дождот донесе доста излетувања вклучително и она на Макс Верстапен во клучните моменти кога требаше д постави летечки круг со кој ќе ја загрози пол позицијата на Хамилтон.

веројатно ова беа најтешки услови по кои овие болиди може да се движат, беше неверојатно голем предизвик, но мило ми е што имавме можност д возиме квалификации по пропуштната утринска сесија.

видливоста беше минимална и требаше само да се остави простор за д асе осигурате дека ќе имате добар круг. екипата исто така си ја заврши својата работа во однос на информациите до мене и денеска на дождот ми беше како дома.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ