Хамилтон се присетува на првата средба со Ники

Луис Хамилтон се присрти на првата средба со Ники Лауда која довела до негов трансфер во Мерцедес како многу свеж спомен од починатиот австриец.

Трикратниот првак Лауда бил клучен во доведувањето на Хамилтон во Мерцедес откако британецот возеше и освои титула за Мекларен, а Ники редовно бил во контакт со него во 2012 година. Одтогаш Луис има пет наслови со Мерцедес, а тимот освои шест последователни конструкторски титули и низ рекорди.

На првата годишнина од смртта на Лауда кој почина на 70 години, Мерцедес објавија видео во кое многу членови на тимот се присетуваат на спомените кои ги иаат од Ники.

Хамилтон вели дека му е тешко да зборува за Ники, но сите во тимот со гордост се присетуваат на австриецот.

веројатно најубави спомени ми се нашиот прв разговор. почнавме да бидеме во контакт во 2012 година и се сеќавам дека тој ден бев дома и добив повик од него затоа што се обидуваше да дојде во тимот. беше кул да ви се јави ники, светски формула 1 првак и икона на спортот.

разговаравме многу пристојно, но тоа беше само првична фаза. да се има поддршка од некој како ники е за огромна почит и покажува дека и тој мене многу ме почитувал.

понекогаш мислев дека не ме цени доволно како возач, но грешев. седнавме во сингапур, тој и пријде на мајка ми и имаа одличен разговор. тогаш тој ми кажа дека на многу начини сум како него, имавме многу повеќе заеднички работи одошто мислев. тогаш сфатив дека не треба да носам прерано заклучоци за луѓето – се присети хамилтон.

Една недела по таа трка во Сингапур, Луис беше потврден како возач на Мерцедес за 2013 година, по што стигна до Формула. великаните. Тој се осврна и на влијанието на Лауда кое му помогнало да се подобри како возач и да не остави ништо непроверено во борбата да стане се подобар.

секогаш размислуваше за тоа како можеме да се подобриме, а најдобра работа кај него беше што ако ја завршите работата како што треба, прв ќе пријде и ќе ви признае и честите.

често по трките разговаравме и ме прашуваше што мислам дека треба да биде подобро и што ми треба за да го остварам тоа, секогаш бркаше совршенство и сакаше да учи.

како возач мора многу да работите со екипата, но и да ја водите. мора да застанете на чело на тимот, да прашувате прашања,а да притискате по сите и да анализирате темелно за да најдете одговори.

ники ме научи да имам таков пристап во работата и тоа го применувам во секој дневниот живот без разлика дали се тркам или не. благодарен ќе бидам засекогаш што имав можност да работам со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ