Хамилтон “се утепал“ со моторот на Роси ?

Медиумите пренесуваат дека Луис Хамилтон паднал и го уништил МотоГП моторциклот на Валентино Роси во Валенсија неделава.

Поврзнаоста на двете легенди преку заедничниот спонзор Монстер им даде можност на промотивен настан да ги променат своите тркачки машини, но официјалните информации за она што се случувало на автодромот крај Валенсија нема. Сепак, два италијански медиуми пренесуваат дека Хамилтон напраивл “беља“.

La Repubblica пренесува дека настанот траел осум часа, но информации како фотографии и видео снимки ќе бидат објавени во периодот кој следи. Весникот пишува дека настанот минал во најдобар ред, а Луис и Докторот биле среќни како мали деца.

Но, Corriere dello Sport тврди дека Хамилтон паднал и го уништил Јамаха моторот на Роси во своето деби со МотоГП машина, но немало никакви последици по него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ