Хамилтон: Сите ривали “му ѕвонат“ на Тото за моето место

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, смета дека неговите ривали сакаат да бидат дел од Мерцедес и дека еден од врвните возачи се обидува да стапи во контакт со Тото Волф за неговото место.

Шесткратниот шампион нема да има договор по следната сезона, исто како Валтери Ботас, Себастијан Фетел во Ферари и Макс Верстапен во Ред Бул, додека и Шарл Леклер би можел да биде достапен.

По наградната церемонија на ФИА, Хамилтон изјави дека пазарот на возачи во 2021 година е веќе под полна пареа и дека друг возач кој бил присутен се обидувал да има контакт со Тото околу возачко место. Верстапен, кој беше поврзан со Мерцедес за 2021 година порано во годинава, беше на бината додека Хамилтон го држеше својот говор. Фернандо Алонсо, кој исто така посочи дека би бил заинтересиран да се врати во Ф1 во 2021, беше присутен.

Ова се интересни времиња, бидејќи има многу возачи кои бараат место во други екипи. Мислам на повиците кои ги добива Тото од секој возач, вклучувајќи и еден кој беше пред малку тука на сцената. Сите се обидуваат да си заминат од тимовите и да дојдат кај нас. Тоа е нормално, бидејќи секој сака да победи, секој сака да биде дел од победничка екипа.

Но не сметам дека тоа е приоритет моментално. Секогаш има јасна комуникација помеѓу мене и Тото. Никогаш немало тајни и тоа нема да се промени. Јас ја сакам позицијата во која што сум и ги сакам луѓето со кои работам. Тешко е да се замине од нешто што го сакате.

Тимот, организацијата, сите до шефовите. Јас сум дел од Мерцедес од 13 години и навистина е тешко да се замислам себе си на друго место. Тоа што го изградивме во последните седум години, е доминантно, ова е силен тим.

Потребно беше време да се изгради тоа, силата, суштината, постојаноста која ја имаме. Не се случува преку ноќ. Другите тимови моментално ги немаат тие елементи. Потребно е време за сето тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ