Хамилтон со нова боја на кацигата

Актуелниот и шесткратен Формула 1 првак, Луис Хамилтон, ја откри новата боја на својата кацига во пресрет на промоцијата на новиот болид на тимот во Петок.

“2020 лилаков (пурпурен) гулаб“ гласеше твитот на Луис со слика од кациагата која ќе ја носи претсојната сезона на која има шест ѕвезди кои ги симболизираат неговите исто толку шампионски титулу.

денеска е мојот прв ден на работа и дефинитивно сум многу возбуден што почнуваме. имав неверојатна зима со многу време за семејството и за пријатлите.

минав многу квалитетно време со татко ми, а подготовките и тренинзите беа поинакви зимава. се чувствувам физички и ментално на ново ниво во споредба со лани и тоа е многу позитивно – напиша Луис.

Тој се осврна и на предизвиците кои следуваат претсојната година.

знам дека сите ја чекаме седмата титула, но мораме чекор по чекор. не знам навистина не знам каде ќе почнам споредено со останатите. треба годинава да бидеме поефикасни во тестирање на програмата особено поради фактот што имаме помалку време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ