Хамилтон: Успехот на Мерцедес е луд

Луис Хамилтон признава дека тој многу му должи на тимот на Мерцедес откако се ближи до изедначување на рекордот од 91 победа во кариерата, сопственост на Михаел Шумахер. 

Британецот е близу до изедначување со Шумахер и по бројот на титули. Пред да дојде во Мерцедес во 2013 година тој имаше 21 победа со Мекларен и една освоена титула. Од 2014 година тој веќе има шест титуи во седум сезони и дополнителни 68 победи. 

Лудо е. тука сум долго време, Имаме голем успех како тим, Но не е коинциденција кога гледаш во луѓето и структурата која ја имаме и тоа колку се вложуваат и се страсни за тоа. Последните осум години се најдобрите за мене иако имав доста успех и со Мекларен каде научив многу – искрен е шампионот.

Прва работа која тој би ја направил би му се јавил на својот татко кој ја водеше неговата кариера во картинг и почетокот на Формула 1 патешествието. 

Прво би му се јавил на татко ми. Зборуваме многу и ме потсетува на минатото и мислам дека тоа се убави моменти за некој кој се жртвувал за своите деца.

Мислам дека сега улогите се сменети, Татко ми ми кажува дека можам се да направам и јас му кажувам дека тој е извонреден и колку ми помогнал да одам напред и дека тој е инспирација за другите родители. Тоа е навистина супер. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ