Хамилтон: Филмот на Вил Смит ме инспирираше

Луис Хамилтон изјави дека филмот на Вил Смит за тениските легенди Серена и Венус Вилијамс го инспирирал да направи документарец за неговиот пат до успехот во Формула 1. 

Како подршка на семејството Вилијамс, Кралот Ричард ја раскажува приказната на таткото Ричард Вилијамс и тоа како тој ги растел тениските ѕвезди. Хамилтон е пријател со Смит и Вилијамс и изјави дека најголем мотив за својот документарец извлекол од филмот. 

Навистина беше убаво да се зборува со Серена и Венус и за целиот процес. Секако го познавам и Вил и горд сум што го направи овој проект. Има награди, но бев навистина трогнат од тоа што го видов и нивниот пат до ѕвездите. 

Но, како и сите, многу малку луѓе разбираат колку е тешко. Мора да се разбере обврската и жртвата која е дадена да се стигне до таму и се гледам себе си поради одличното семејство без кое немаше јас да бидам тука. Тоа е инспирација за семејствата, Сигурен сум дека има деца кои сакаат најдобро, но немаат доволно шанси. Тоа треба да се покаже.

Сега работиме на документарец и тоа е фокусот. Приказните треба да се раскажат. Многу е научено и мислам дека тоа ќе има позитивен удел врз многумина. Многу се инспирирав од Вил за тоа што го направи. 

Хамилтон не знае кој глумец би можел да го игра него. 

Не знам кој ќе ме игра, Ќе мора да најдеме некој. Сеуште се прават кастинзи за друг проект што го имам. Мислам дека е возбудливо да се видат различни карактери и кој најдобро би одговорал на улогата. 

Кога ќе се напише сценариото ќе се опише и карактерот и ќе најдеме некој што одговара. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ