Хамилтон: Филмот со Бред Пит ќе биде врв

Луис Хамилтон има многу висока надеж дека филмот за Формула 1 со Бред Пит во главна улога ќе биде најдобриот филм за тркање кој некогаш бил снимен.

Филмот ќе биде продуциран ни помалку ни повеќе туку од Apple Original Films со главна улога на Бред Пит, режија на Џозеф Косински (Топ Ган Маверик), свенарио на Итан Кругер и продукција на легнедарниот Џери Брукхаимер. Копродуцент ќе биде и самиот седумкратен првак Хамилтон.

Содржината ќе биде за еден тркач ветеран кој ќе го глуми Пит, тркач кој се враќа од пензија за да биде ментор на млад и надеже возач кој ќе го води до огромен успех и слава. Пит заедно со Косински и Брукхаимер беа во падокот во КОТА викендов состанувајќи се со возачите и тимските шефови со цел да соберат колку што може повеќе информации за пореален филм.

она што до сега е составено во однос на тимот кој ќе работи на филмот е неверојатно. ги имаме том кук, главниот извршен директор на епл викендов, чест е да биде со нас, а заедно со неговиот тим се полни со поддршка, го поддржаа и мојот документарец.

го имаме и бред, холувудска легенда, тука е џери кој лично го направи топ ган, како и џо, фантастичен талент на едно место – возбуден е хамилтон.

Екипата ќе добие на располагање ексклузивни Формула 1 снимки, најмногу ќе снимаат лично следната година, а со помош на компјутерската техологија се ќе биде врвно обработено.

навистина сум претерано возбудем и иам огромни очекувања од филмот. знам дека ќе биде најдобар тркачки филм кој постои, визуелно и ќе почнеме да работиме за да се осигруаме дека никој нема да биде разочаран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ