Хамилтон: Ја научив лекцијата од Кина во 2007 година

Луис Хамилтон стана седумкратен шампион во Формула 1, се изедначи со Луис Хамилтон, честитки шампионе!

Британецот немаше едноставна работа во Турција бидејќи патеката беше неодамна асфалтирана и немаше доволно грип, а болидите лизгаа на сите странио. По дождот во Сабота, Луис се квалификуваше на шестата позиција, но пред стартот на трката повторно имаше дожд и возачите буквално лазеа на почетокот.

Како што се сушеше патеката, Хамилтон си дојде на своето и дојде до водечката позиција која ја задржа до крајот на трка на која само еднаш влее во боксот и серијата со вториот сет интермедиа му траеше речиси 50 кругови.

Хамилтон е познат по своите извонредни перформанси на мокро од Силверстон во 2008 година.

Дефинитивно немам зборови. Сакам да им кажам благодарам на момците кои се тука и во фабриките и на нашите партнери. Без вас немаше да бидам дел од тимот и да направиме вакво нешто. Горд сум на вас.

Посебно благодарам за тим ЛХ кој е околу мене сите овие години. Мислам дека е важно за децата да се надеваат на нешто и да не слушаат никој кога ќе им каже дека сонуваат нешто невозможно. Мора да работите и да не се сомневате во себе – изјави хамилтон.

Може слободно да се каже дека и Шумахер би бил горд на трката на Хамилтон во Турција.

Денес знаевме дека ќе биде тешко за нас по разочарувањето од квалификациите, но дадовме се од себе. Работевме како тим, не се обвинуваме за ништо и мора да се поправиме и да одиме напред. Не е се перфектно. Во еден момент кога не можев да го поминам Себ и Албон ми бегаше си реков ја губам трката. Но, се смирив и верував дека трката ќе дојде до мене.

При крајот на трката Мерцедес сакаа да го повлечат Хамилтон да промени на гуми за суво затоа што беше најавен силен дожд последниот круг, но тој ја отфрли таа понуда и изјави дека не би сакал да му се случи Кина 2007 година кога ја загуби титулата.

Имаше момент кога Себ се одалечуваше и ги гледав температурите. Не знам дали гумите прегреваа или беа ладни, Но подоцна си реков дека ќе се врати грипот како што се сушеше патеката и возачките линии се подобруваа.

Кога влезе Себ во бокс, знаев дека треба да останам бидејќи колку се поистрошени интермедиа гумите толку повеќе држат температура. Доколку влезев по сликови мислам дека немаше да сум тука. Ја научив лекцијата во 2007 година. Знаев дека имам контрола и дека ќе се справам со дождот доколку дојде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ