Хамилтон ја објасни опасната радио порака

Седумкратниот шампион Луис Хамилтон ги надминал грижите откако заврши на четврта позиција во Монако.

Тој успеа да напредува една позиција од стартот на петта позиција во хаотичниот крај на трката во Монако.

Најмногу инциденти имаше во првиот сектор дури и по промената на интермедиа гуми кога Хамилтон јави на радио дека е доста опасно.

Беше тешко и гумите не работеа како што треба. По некое време проработеа и беше добро. Но бев близу до голем инцидент. Беше лудо. Од моја страна не можев да ги загреам интермедиа гумите. Загубив малку кога морав да запрам. Но беше тешко и без грешки успеав да се задржам на патеката.

Хамилтон заврши пред Расел во Монако каде Расел доби казна од пет секунди и успеа да напредува од осма позиција до петта на крајот.

Сребрените стрели сега се пред Астон Мартин додека возачите на Ферари завршија зад Мерцедес.

Како тим одиме напред и четврта и петта позиција на тешка трка е одличен резултат. Со одлична стратегија ги стигнавме Ферари и беше одлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ