Хамилтон ја откри погрешната стратегија против Ботас

Луис Хамилтон истакна дека првото безбедносно возило кое ја започна серијата на влегувања во бокс на Австриското Гранд При ја уништило стратегиската игра која ја планирал за да го претекне Валтери Ботас.

Хамилтон знаел дека единствен начин да го претекне Ботас е преку поинаква стратегија со пневматиците, но кога се појави безбедносното возило, тој немаше избор освен да го следи Ботас во боксот, што ја уништило секоја шанса за да премине кон поинаква стратегија.

Факт е дека на оваа патека, со цел да имате можност да го претекнете болидот пред вас е да се обидете со поинаква стратегија. Кога сте во тим како нашиот, болидот напред има приоритет во боксот. Ако и двајцата излезете на исти пневматици, најверојатно ќе заглавите на патеката, особено кога е тешко за претекнување.

Потребна ви е предност од 8 десетинки до секунда за да може да се борите со болидот пред вас. Знаев дека со исти пневматици, најверојатно ќе завршам позади. Потоа излезе безбедносното возило и тоа ја уништи шансата, бидејќи планирав да се обидам да го продолжам првиот стинт што повеќе, да ризикувам, бидејќи јас сум таков, сакам да ризикувам.

Но, тоа не се случи и не е проблем. Имаше и многу други работи кои влијае над се. 

Кога излезе безбедносното возило, не знаев на кои пневматици ќе одиме. Не размислував околу тоа, претпоставив дека ќе преминеме на хард, земајќи предвид дека имаше многу во трката. Како што кажав, јас сакам да превземам ризик, Но не го известив тимот, а нормално пред влегувањето ги известувам, но поради безбедносното возило и други фактори, не го направив тоа, така што сосема е во ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ