Хед смета дека новите регресивни правила биле неопходни

Дизајнерската Формула 1 легенда, британецот Патрик Хед, смета дека регресивниот чекор во назад кој Формула 1 ќе го направи со новите правила од 2021 година е “неизбежно зло“ за да трошењето не го упропасти спортот.

ФИА и Формула 1 дефинитаа нови правила кои ќе стапат на сила од 2021 година и се насочени кон подобрување на тркањето, полесно следење на болидите, а тимовите ќе бидат повеќе ограничени во областите каде ќе смеат да работат.

Патрик Хед своевремено беше технички шеф на Вилијамс и го водеше тимот до шампионски титули, но со новит еправила е свесен дека инженерите ќе имаат помалку простор да се изразад себе, но знае дека само помалите буџети може да донесат издржливост на спортот.

од инженерска гледна точка, новите правила се навистина регресивни, за жал. но, моторспортот стана прескап, а разликата помеѓу врвните екипи и останатите е преголема поради што мораме тоа да го намалиме за да донесеме трка.

лушето вклучени во новата регулатива прават одлична работа и не е фер да кажеме дека болидите ќе бидат “оглупавени“ затоа што дефинитивно умните инженери ќе најдат начин да направат разлика иако дефинитивно нема да имаа слобода како до сега – смета хед.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ