Хелмут Марко: По Верстапен, Леклер е најдобар

Доктор Хелмут Марко од Ред Бул смета дека Шарл Леклер е најатрактивен возач на гридот кој во моментов не се трка за Ред Бул.

Неодамна од Милтон Кинс му го продолжија договорот на Макс Верстапен до крајот на 2023 година, а претходно и Ферари го направија истото со Шарл Леклер “врзувајќи го“ до крајот на 2024 година.

Запрашан да дбере најдобар возач кој не вози за Ред Бул во моментов, доктор Марко без сомнение одговори:

Леклер, Шарл Леклер.

Тој за германските медиуми откри и дека е горд на возачката програма на Ред Бул и покрај тоа што многумиан ја опишуваат како премногу строга и контроверзна.

сигурен сум дека ако младите возачи имаат избор, со сигурност би ја одбрале програмата на ред бул. имаме востановен систем кој очигледно работи и не сакаме да ги загрозиме возачите и договорит.

Сепак, Хелмут откри дека морало со тек на време да ја модифицира програмата поради тоа што станало тешко да се откри талент уште од картинг, а како пример го наведе Оливер Оукс, светски картинг првак, но слаб во јуниорските формула серии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ