Хене: Може да ги победиме сите

Иако оваа година тргнаа силно, Ферари сепак не успеаа да го задржат предизвикот до крај. Нивниот тест возач Марк Хене смета дека можат да освојат титула доколку не ги прават грешките од оваа година. 

Тој смета дека вистинскиот предизвик ќе дојде наредната година иако Шарл Леклер беше во борба за титулата и на почетокот на оваа сезона се додека Верстапен не направи преголема разлика со своите победи. 

Направивме многу грешки оваа година. Прво беше издржливоста, но го знаевме тоа бидејќи сакавме перформанси. Стратегијата направи доста грешки но понекогаш и возачите грешеа. Шарл беше перфектен во Абу Даби а исто и стратегијата. Научивме доста и последниот викенд покажавме дека може да победиме било кој. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ