Херез сака трка од 2021 година

Официјалните лица на автодромот Херез преговараат со шефовите на Формула 1 за враќање на Големата награда на Шпанија на нивниот автодром на југот на државата.

Шпанското Гранд При се одржува на патеката Барселона-Каталуња од 1991 година, а по трката оваа сезона добија само едногодишно продолжување на договорот со Либерти Медиа.

Медиумите во Шпанија пренесоа дека челниците на Circuito de Jerez бараат од Формула 1 тригодишен договор за организација на Големата награда на Шпанија и тоа од 2021 година до 2023 година. Градоначалникот на Херез, Мамен Санчез потврди дека работат на враќање на автодромот на Формула 1 календарот.

ќе продолжиме да работиме во тој правец, но тајно и поради тоа бараме и сите останати да го третираат овој процес така – изјави градоначалникот.

Херез има оценка од ФИА од највисока класа и беше организатор на Шпанското Гранд При од 1986 година до 1990 година, а во 1997 година имаше уште едно појавување на календарот, но како Европско Гранд При.

Патеката остана дел од Формула 1 како популарен автодром за тестирање и официјални презентации во текот на зимата. Последен пат предсезонските тестови се возеа на југот на Шпанија во 2015 година.

Во 2017 година патеката беше домаќин на Формула 1 и ГП3 првенството, трка на која Шарл Леклер и Џорџ Расел ги освоија своите титули. Од 1989 година МотоГП трката редовно се одржува таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ