Херта би сакал да вози во Хаас, но само ако биде поддржан од Ферари

Американецот Колтон Херта изјави дека би сакал да вози за Хаас во Ф1 доколку е подржан од програмата на Ферари. 

Минатиот викенд, возачот на Андрети Аутоспорт се покажа одлично на втората трка на Индикар каде дојде до доминантна победа која е четврта во неговата кариера и прва на улична трка. Херта беше полиен со шампањ од Марио Андрети кој изјави дека е време младиот американец да премине во Формула 1. 

Но, место на гридот во Формула 1 е тешко да се обезбеди. 

Џабе се сите зборувања за Формула 1 додека нема ништо на хартија. Има многу непознати делови. Луѓето кажуваат што сакаат, Јас би бил заинтересиран и би било арогантно да кажам дека сакам да сум во топ 3 тим, Но мора да се работи за ова – свесен е херта.

Сепак, целта на американецот е Хаас кој е единствен американски тим. 

Искрено би одел во Хаас, доколку сум подржан од програмата на Ферари. Не би потпишал само со Џин Хаас туку би потпишал со Ферари да ме стават во тој болид и да стигнам да возам за топ тим. 

Херта изјави дека еден тимски шеф од Формула 1 веќе му честитал и тоа е знак дека веќе го следат. 

Луѓето гледаат и тоа ми се допаѓа. Но сигурен сум дека и лошите болиди се одлични за возење. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ