Хил: Алонсо може да се трка и на 45 години

Шампионот од 1996 година, британецот Дејмон Хил, застана на страната на оние кои се повеќе веруваат во долговечноста на Фернандо Алонсо, посочувајќи дека тој може да се трка и на 45 години.

Астон Мартин имаат фантастична форма од почетокот на сезоната и стигнаа до 4 подиуми на првите пет трки благодарение на шпанецот Алонсо и неговото извонредно и безгрешно возење, а не е лош ни младиот Ленс Строл. Со 102 освоени поени, тимот е на 3то место во конструкторскиот поредок со 75 бодови негатива зад Ред Бул.

Неодамна, поранешниот возач, Џанкарло Физикела, изјави дека Алонсо станува се подобар како што старее, а со тоа се согласува и аналитичарот на Ѕку, Дејмон Хил.

мислам дека ќе замине како легенда без оглед дали ќе освои уште една титула затоа што сите го знаат неговиот потенцијал, сите знаат дека можел многу повеќе доколку се зависело од него.

не смееме да се откажеме од него и да мислиме дека ќе се пензионира, затоа што сметам дека ќе се трка и на 45 години – вели хил.

Фернандо се повеќе се смее, се гледа дека е задоволен, а секако дека тоа се должи и на силниот Астон Мартин кој го има на располагање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ