Хил верува дека титулата сеуште не е решена

Формула 1 првакот од 1996 година, Дејмон Хил, е убеден дека борбата за насловот ова година е далеку од готова и покрај скорешните огромни грешки од страна на Ферари.

Шарл Леклер беше приморан да се повлече од Азербејџанското Гранд При поради проблеми со моторот и тоа беше второ откажување во три трки за него, така што од лидерското место вовозачкиот поредок, назадуваше на 3то со 34 поени заостаток.

Кај конструкторите, Ред Бул освои максимум од Азербејџан, а Скудерија ништо, така што тимот од Милтон Кинс е 80 поени во водство, но иако ситуацијата изгледа дека се одвива во корист на “биковите“, Хил смета дека ништо не е решено.

можеби не изгледа така, но борбата е сеуште широко отворена. ферари имаа многу лош ден, но не мислам дека беше катастрофале, прерано е да зборуваме за катастрофи затоа што и ред бул имаа свои проблеми на почетокот на сезонат – смета хил.

Неспорно е дека моторот е болна точка на Ферари откако поради истиот не завршија на две трки, но, поради замрзнување на развојот на перформансите на моторите, тие притискаат за што повеќе моќ поради фактот што прправки за подобрување на издржливоста се доЗволени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ