Хил: Искуството му помогна на Перез во Ред Бул

Дејмон Хил изјави дека искуството на патеката му помогнало на Серхио Перез да се приспособи во Ред Бул. 

Тимот донесе изненадувачка одлука да донесе возач надвор од Ред Бул програмата на крајот од 2020 година. Перез остана без место во тимот на Рејсинг Поинт и Ред Бул му даде шанса во своите редови. 

Хил го спореди Перез со своите претходници и смета дека зрелоста му помогнала многу за да може да се справи со предизвикот. 

Многу возачи не се снајдоа во Ред Бул, Но мислам дека Чеко со толкаво искуство одлично си ја заврши работата. 

Гасли доби шанса во Ред Бул, но го загуби местото поради лошите резултати и драстично послабите перформанси од Верстапен, по што се врати во АлфаТаури и покажа одлични перформанси. 

Тој има талент и Редовно може да извади максимум од болидот. Сигурен е во тоа што го прави, Но не можеше да се снајде во Ред Бул.

Хил смета дека Албон не бил доволно силен да се справи со предизвикот. 

Тоа треба да се научи. Мора да си поцврст за да се справиш со предизивкот. Ред Бул ја поддржува твојата кариера, но ти кажува што да правиш. Дури и со Адриан Њуи ти мора да најдеш перформанси. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ