Хил: Мерцедес може да победи на некоја “луда“ трка до крајот

Мерцедес се во првата сезона без победа од 2013 година, но имаат уште шест трки за да се качат на највисоко скалило на подиумот.

Поранешниот шампион Дејмон Хил, смета дека некоја “луда“ трка полна со неизвесности може да ги донесе “сребрените“ на највисокото скалило на подиумот.

верувајте, кога сте во такв ситуација, притисокот е огромен од медиумит, но сите се прашуваат дали мерцедес може да победи на трка. ако нешто се случи, секогаш има луди трки кога има неочекуван исход, така што ќе може мерцедес да биде присебен и да победи.

таква трка ќе ги загрози шансите на макс да победи на сите трки до крајот на сезоната, но ќе видиме, секако дека ќе врне, ќе има дождливи настани, мислам дека сузука редовно е мокра трка – смета хил.

Британецот посочи и дека ако Ред Бул решат да престанат со развојот на болидот годинава, може да биде шанса за некоја победа за актуелните конструкторски прваци.

ако ред бул не го развиваат повеќе болидот, ферари и мерцедес може да почнат да победуваат до крајот на сезоната.

По пет последователни победи, Верстапен има 116 поени предност во возачкиот поредок, така што Хил е свесен дека холанѓанецот нема потреба да ризикува повеќе со своето возење.

нема никаква потреба да ризикува, не му треба тоа, има се под контрола, клинички одработе, возеше брилијантно во врвна форма.

на зандворт видовме дека во ставаше болидот на самиот лимит на патеката на секоја кривина и нормално дека победи. да се заджи концентрацијата на начин на кој тој возеше без да е погреши ништо е неверојатно да се гледа

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ