Хил смета дека за Леклер е подобро да си остане во Ферари

Формула 1 првакот од 1996 година, Дејмон Хил, верува дека за Шарл Леклер е подобро да остане во Ферари и покрај се посилните шпекулации дека го бараат во Мерцедес на местото на Луис Хамилтон.

Моначанецот неколку пати изјави дека е целосно посветен на Скудерија и победи со нив и демантираше некакви преговори со Тото Волф. Тимот од Маранело разочара од почетокот на сезонава со само еден финиш на подиум низ улиците на Баку.

мислам дека за леклер е најдобро да си остне во ферари. никогаш не бил долго во борба за титула, имаше моменти кога беше одличен, но потоа се губеше а правеше и доста грешки во своите летечки кругови на тренинзи и квалификации.

ако ги погледнете најсилните екипи, веројатно сите се задоволни со изборот на возачи кој го имаат во моментов и сигурен сум дека нема место за него во друга екипа. се сомневам дека го сакаат во ред бул, а сигурен сум дека тото ќе го има луис се додека тој не реши дека не сака повеќе да се трка, така што леклер е совршен за ферари.

ќе остане долго во ферари, се додека не му дадат болис кој е способен редовно да победува.

Сепак, иако Дејмон мисли дека Маранело е одлично место каде Лелкер припаѓа, сепак, не го исклучува Астон Мартин ако продолжат со одличната форма и перформанси.

астон мартин се екипа која е во налет. веројатно, ако продолжат да бидат пред ферари, тогаш можеби леклер ќе размисли за нив, иако во моментов се сомневам во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ