Хил: Шумахер покажува способност и сила

Поранешниот Формула 1 првак, Дејмон Хил, изјави дека Мик Шумахер покажал одлични перформанси во Унгарија што ветува многу. 

Во хаотични услови на Унгарското Гранд При, Шумахер на два пати се тркаше со Макс Верстапен во текот на 10 кругови. Тој возеше против оштетениот Ред Бул на холанѓанецот, но Хил е импресиониран од германецот. 

Мик покажа сила удирајќи се со тркало во Макс. Макс му покажа сила, но тој не потклекна.

Мислам дека Расел изведе многу храбар потег од внатрешна страна кога го престигна. Мик е во послаб болид, но покажува желба да се бори и развива – посочи дејмон.

Хил верува дека Шумахер дава се од себе со скромниот болид на Хаас. 

Има надеж за него. Ја користи секоја шанса да се покаже и да научи. Искрено сум импресиониран од него. Мислам дека се бори за да има поконкурентен болид во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ