Хокенхајм во преговори да ја замени Русија

Легендарниот Хокенхајм се појави како потенцијално место за замена на Руското Гранд При.

Всушност, Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, во неколку наврати изрази разочарување што и покрај нејзината автомобилска индустрија и длабоката историја на Формула 1, Германија во моментов нема трка во спортот.

Но, поранешниот возач Кристијан Данер, амбасадор на германскиот автомобилски клуб AvD, вели дека Хокенхајмринг започнал разговори со Формула 1.

Иницијатива е преземена оваа година гранд при трката да се врати во Германија наместо во Русија. Во Имола имаше огромен попуст и тригодишен договор, а Тоа е она што го сакаме во Германија сега – вели данер.

Што се однесува до Нирбургринг, постојат извештаи дека сега би можел да биде погоден од санкциите против Русија, бидејќи патеката е 99 отсто во сопственост на НР Холдинг, која е поврзана со рускиот фармацевтски милијардер Виктор Харитонин. Како и да е, германскиот Формула 1 возач Себастијан Фетел изјави за Auto Bild дека повторно ќе ужива во трките на Нирбургринг.

Нема да бидам тука засекогаш, можеби ова е последна шанса.

И колегата германец Мик Шумахер додаде:

Формула 1 припаѓа во Германија, па би било убаво. претпочитам тоа да биде Нирбургринг.

Фаворити за замена на Руското Гранд При во Сочи се и Истанбул и Катар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ