Холандија официјално се откажа од трка годинава

Официјално е откажана трката за Големата награда на Холандија оваа година откако 2020 година требаше да биде враќањето на земјата на Формула 1 календарот, но поради пандемијата, тоа не се случи.

Овие вести не се никакво изненадување бидејќи Холандија има големи рестрикции за организирање на јавни настани и собири, а промотерот најави дека нема да ја одржат трката без публика која беше одамна распродадена, секако поради Макс Верстапен.

Нашата трка ќе биде одложена до 2021 година и се надевам дека ќе се вратиме во нормала. Поради пандемијата, оваа трка како и претходно што најавивме е одложена за наредната година.

Организаторот на трката во консултација со ФОМ заклучи дека нема да се одржи трка без публика. Поради тоа, првата трка во Холандија ќе биде наредната година, а Подоцна ќе се договориме со ФИА и ФОМ за календарот.

Сите карти се важечки за наредната трка. Ние сме целосно подготвени за трка и Ова е одлично достигнување благодарение на фановите, компаниите и властите. Ние и Формула 1 сфативме дека трка без публика нема поента и нема да може да го славиме враќањето на ФОрмула 1 на Зандворт по 35 години пауза. Чекавме долго и ќе почекаме уште една година – изјави јан Ламерс, шефот на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ