Хонда горда што Макс оди по стапките на Сена

Хонда се воодушевени од победата на Макс Верстапен во Монако, победа која многу им значи затоа што за прв пат се искачуваат на највисокото место на подиумот по пауза од 29 години.

Последен пат кога јапонскиот производител победи во Монте Карло беше во 1992 година кога Аиртон Сена победа за Мекларен. Победата на Макс викендов донесе пресврт во возачкиот и констукторскиот поредок каде во водство дојдоа Верстапен и Ред Бул.

задоволни сме што победивме во монако, една од најважните историски трки во календарот, како и трката која е дел од тројната круна. последен пат кога хонда победи овдека беше во 1992 година со сена и сигурен сум дека ова е многу посебно за верстапен – појасни масаши јамамото, оперативниот шеф на формула 1 проектот на хонда.

Сепак, јапонецот е свесен дека не треба да се опуштаат затоа што сезоната е многу долга и има уште многу трки.

ова е само 5та трка оваа сезона. ќе дадеме се од себе да ја задржиме позицијата која ја имаме по трката и се надеваме дека сите фанови на хонда низ светот ќе го поддржат нашиот обид за титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ