Хонда го гледаат новиот Сена во Верстапен

Оперативниот шеф на Хонда, Масаши Јамамото, откри дека во работата со нивните муштерии и партнери во Ред Бул гледаат на Макс Верстапен како на млад Аиртон Сена. Јапонците за прв пат годинава снабдуваат свои мотори во Милтон Кинс, агрегати со кои младиот холанѓанец стигна до три победи и дополнителни шест подиуми, прекинувајќи ја 13-годишната низа без победа.

Своето задоволство од работата со Хонда Верстапен го потенцираше при првата своја победа која дојде во Австрија покажувајќи на амблемот на јапонската компанија при излезот од болидот. Со трите годинешни победи тој се изедначи со Кеке Розберг и Герхард Бергер кои исто така имаа по 3 победи со јапонскиот мотор, но сепак на врвот е Аиртон Сена кој има 32 победи мотор на Хонда помеѓу 1987 година и 1992 година.

ние во хонда на него гледаме како на многу важен фактор во нашиот проект, млад е, но вози импресивно и изгледа како млад себа во својот однос со хонда. тој ја почитува хонда, ја чувствува блиска, а тоа веројатно го покажа со посочувањето на нашето лого на подиумот во австрија кога беше навистина среќен. таквиот потег ни дава позитивни емоции дека сме му овозможиле трка со добар мотор.

страста која ние ја имем кон победување го направи нашиот однос со него поблисок. исто така многу често е во нашиот центар за истражување и развој како и во производниот оддел.

има многу луѓе во фабриката кои ги познава, всушност кога дојде мина низ тунел од луѓе кои му правеа “да пукне“, колона од еден километар.

тоа му даде силни чувства за хонда и силна обврска кон нас – опиша јамамото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ