Хонда го забрзала развојот на моторот во Спа

Хонда објавија дека имале забрзана надградба на моторот кој Макс Верстапен го користел на Белгиското Гранд При во Спа минатиот месец. 

Јапонците веќе потврдија дека го напуштаат спортот на крајот на оваа сезона по седум години работејќи со Мекларен, Ред Бул и АлфаТаури. “Биковите“ имаат шанса да ги испрати Хонда со титула. 

Хонда работела забрзано на развојот на моторот планиран за 2022 година и побрзо од првично планираното донеле надградби за тимовите кои користат нивни мотори. 

Последната надградба била во Белгија каде по долги години развој, Верстапен добил нова батерија за складирање на енергијата добиена од Системот за повраток на енергијата. Под моменталните правила, секој дел од моторот може да се надгради само еднаш во текот на сезоната, доколку истото не е направено пред почетокот на истата.

Новата батерија е развиена во проект кој трае веќе неколку години и има цел да ја подобри ефикасноста и да се намали тежината. Ова е последна сезона за нас во Формула 1 и успеавме да направиме нова батерија навреме за вториот дел на сезоната.

Наша цел е да го победиме Мерцедес пред да си заминеме од спорот. Развојот беше планиран за наредната сезона. но е промовиран оваа – изјави Јасуаки Асаки од хонда.

Верстапен дојде до пол позиција на дождливата трка во Спа, но трката не се одржа поради намалената видливост што предизвикуваше безбедносни проблеми. На пол позиција беше и на следнат атрка Монца но не ја заврши трката по сударот со Хамилтон.

Од Хонда изјавија дека новата батерија барала доста жртвувања во текот на дизајнот. 

Дури и откако Хонда ќе ја напушти Формула 1 новата технологија на батерии ќе продолжи да се користи во иднината на Хонда кон јаглеродна неутралност. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ