Хонда го истражува проблемот кај Верстапен

Откако не освоија поени во Австрија поради две откажувања, Хонда го бара проблемот што се појавил. 

Макс Верстапен имаше одличен старт на домашната трка за Ред Бул откако стартуваше втор, но неговата трка заврши во 14от круг откако драстично забави, влезе во гаражата, но механичарите не можеа да го оспособат. Се жалеше на антистал системот кој го спречува гаснењето на болидот и во боксот доби нов волан, но сепак не беше во можност да продолжи. 

Во борба со Луис Хамилтон за второ место, Алекс Албон беше удрен од возачот на Мерцедес и падна назад на гридот. Неколку круга подоцна тој се паркираше поради електрични проблеми.  Хонда започнаа со истрага за проблемот. 

Првата трка оваа сезона заврши со 3 од 4 откажани болиди со наш мотор што е разочарување. Позитивно е што Гасли со АлфаТаури освои некој бод. Верстапен мораше да се откаже, Албон немаше среќа и него моравме да го повлечеме. Го бараме проблемот – објаснија јапонците.

Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда, истакна дека очекуваат подобра издржливост на втората трка во Австрија. 

Остануваме тука и на втората трка и покрај краткото време ќе се потрудиме да се поправиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ