Хонда го промени именувањето на моторите

Хонда ќе има ново именување на моторите кај Ред Бул и АлфаТаури до крајот на оваа тркачка сезона во Формула 1, а тоа ќе почне со новата спецификација која ќе биде претставена викендов на Пол Рикар.

Моторите во Ред Бул и АлфаТаури ќе имаат ново лого на нив кое ќе асоцира на новото брендирање.

Honda e:Technology ќе се однесува на електрификацијата на јапонскиот производител која ќе се користи низ нивната гама, како на моторциклите така и на втомобилите. Таа технологија веќе се користи во Формула 1 моторот на Хонда кај Системот за повраток на енергијата составен од кинетичкиот МГУ-К дел и топлинскиот МГУ-Х дел.

Слична номенклатура користи и Алпин за своето брендирање на моторот кој се вика Renault E-Tech.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ