Хонда изненадени од перформансите на Мерцедес

Јапонците од Хонда се изненадени поради напредокот кој Мерцедес го имале со својот мотор во пресрет на оваа тркачка сезона.

Хонда и Мерцедес донесоа нови спецификации на мотор за првата трка од сезоната по долгата пауза поради пандемијата, но “сребрените“ имаа моќен старт на викендот и беа далеку најбрза екипа, додека два мотори на Хонда не го издржаа притисокот на Ред Бул Ринг.

Заостатокот на Ред Бул во однос на Мерцедес на квалификациите ги изненадил инженерите на Хонда.

ние во пракса на патеката ги видовме податоците кои ги очекувавме и кои ги знаевме на динамометарот, особено тоа се однесува на перформансите за време на долгите серии. кај нас се е согласно планот, но не изненади напредокот кој го имаат мерцедес, особено на квалификациите каде бевме изненадени од заостатокот – изјави оперативниот шеф на хонда, масаши јамамото.

Младиот Макс Верстапен побара од Ред Бул да продолжат да притискаат откако стана свесен за заостатокот кој тимот го има.

мислам дека направивме голем чекор напред, но мерцедес направи поголем чекор од нас и мораме да продолжиме да притискаме. сеуште има перформанси кои можеме да ги имаме не само од моторот, туку и од шасијата така што се работи на секое поле. мерцедес направиле страшно добра работа во текот на зимата.

Тој е убеден дека со неколку десетинки во перформанси, може да ги предизвика многу сериозно “сребрените“.

ако ги анализираме податоците од првата трка ќе забележиме дека нема многу кривини на кои бевме побавни. најголем дел заостанувавме на брзите кривини, но јас не бев задоволен од балансот за време на кривината така што можеме да се подобриме, има простор да се надомести. само да најдеме начин како да имаме подобар баланс, и веднаш ќе бидеме зад мерцедес.

не велам дека ќе ги победуваме на квалификации, но можеме да сме 2-3 десетинки зад нив на квалификации, а на трка ќе биде сосема различно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ