Хонда открија дека немало да се тркаат во Мелбурн

Јапонците од Хонда открија дека немале намера да се тркаат доколку Големата награда на Австралија продолжела вообичаено да се одвива.

Тркачкиот викенд беше откажан на два часа пред почетокот на првата петочна тренинг сесија, а Доктор Хелмут Марко и Кристијан Хорнер неколку пати најавија дека тимот бил подготвен и имал намера да се трка.

Сепак, шефот на Хонда, Масаши Јамамото, откри дека имал остар разговор со доктор Марко во Мелбурн.

хода е голем бренд кој учествува во формула 1 и од наша перспектива требаше добро и одговорно да размислиме дали би учествуваче. на крајот решивме да не се тркаме пред тоа да им го соопштиме на ред бул – откри јамамото.

Запрашан да појасни дали одлуката на Хонда била пред или по официјалната потврда од ФИА, Масаши дополни:

пред да тргнеме од јапонија размислувавме за настанатата ситуација, бевме свесни дека е тешко и одлучивме да не се тркаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ