Хонда очекуваат уште три победи и титула од Верстапен

Шефот на Формула 1 проектот на Хонда, Масаши Јамамото, откри дека очекува од Макс Верстапен уште три победи и титула на крајот од годината.

На 6 трки пред крајот на сезоната, Верстапен води со 6 поени пред Луис Хамилтон, но во последно време се чини дека Мерцедес се оние кои имаат посилен болид, иако Јамамото верува во својот возач.

планот е да се дбрани лидерската позиција на макс во тексас. потоа следуваат мексико и бразил, а последните три трки се во катар, саудиска арабија и абу даби. до абу даби сакаме да имаме таков болид кој ќе биде најсилен на гридот и повторно ќе бидеме најбрзи секаде – се надева масаши.

Иако многумина сметаат дека патеката крај главниот град на Тексас му одговара на Мерцедес, Јамамото има големи очекувања од трката.

бевме силни и брзи во мексико и бразил во 2019 и 2020 година, а победивме во абу даби лани. катар и саудиска арабија се непознаница, но ако ги повториме успесите од бразил, мексико и абу даби како последнит години, ќе победиме на крајот.

мислам дека ќе победиме уште три пати на останатите шест трки од календарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ