Хонда повеќе не губат време со решавање на проблемите

Подобрената издржливост на Хонд им овозможи да не губат повеќе време на отстранување на проблемите и наместо тоа да се фокусират на развој насочен кон пронаоѓање перформанси.

Јапонскиот производител ја заврши својата прва сезона со Ред Бул во која стигна до две пол позиции и три победи, а поважно, немаше откажување од трка предизвикано од некаков проблем со агрегатот.

Хонда сеуште треба да се подобри за да комплетира година без казна затоа што искористија дополнителен мотор во однос на Мерцедес и Ферари, но издржливоста и перформансите ги направија “сериозен играч“ оваа тркачка сезона.

верувам дека научивме што е приоритет на квалификациите и како се победува на трка. барам од сакура да се фокусира на клучни точки кои ќе ни донесат подобрување затоа што оваа сезона науивме многу.

од друга страна издржливоста секако дека не е совршена, но многу силно е подобрена во однос на лани што значи дека можее да се фокусираме на перформанси. со дега минувавме доста време на “чистење“ на проблемите – појасни тојохару танабе – техничкиот шеф на хонда моторспорт.

Јапонците најавуваат сличен концепт на моторот и следната година поради стабилноста на техничката регулатива. Надежта за јапонците лежи во Ред Бул со кои лани стигнаа до победи со што ја прекинаа низата без триумф која траеше од 2006 година.

подобрувањето е видливо, имаме добар и позитивен напредок годинава, не само со ред бул туку и со торо росо. беше убаво да се гледаат сите луѓе кои работат на проектот во хонда и сакам да го задржиме моментумот и догодина. треба да продолжиме да притискаме за да стигнеме до поставената цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ