Хонда работи на константноста

Хонда сака да ги елминира варијациите во перформансите под влијание на различните патеки на кои се возат Формула 1 трките, со цел да им се овозможи на Ред Бул да бидт конкурентни на сите трки од календрот.

Јапонците силно напредуваа лани со моторот во својата дебитантска сезона од партнерството со тимот од Милтон Кинс и тоа му помогна на Макс Верстапен да победи на три трки, но сит етие патеки беа слични по конфигурација и имаа долги правци.

целиме да ја почнеме сезоната како втор најсилен болид, само позади мерцедес, а за да го напрвиме тоа ние подготвивме силен мотор. годинава нашиот мотор беше некако нестабилен, зависеше од карактеристиките на патеките, а тоа не треба да биде така.

треба да му овозможиме на макс мотор кој е добар на сите патеки, на сите трки, а тоа се постигнува со добар развој – посочи масаши јамамото, оперативниот шеф на хонда.

Јапонскиот мотор на моменти имаше предност во однос на Мерцедес, како што Пјер Гасли покажа во трката по стартната рамнина на Интерлагос кога не дозволи Луис Хамилтон да мине пред него, но Јамамото сеуште смета дека се зад “сребрените“ и “црвените“ во однос на моќта.

тоа што му го дадовме на тимот и на макс годинава е издржливоста и квалитетот на нашиот мотор, а на тој начин имаат повеќе време да го подготват за квалификации. не мора повеќе да се грижат дека моторот ќе откаже и имаат време за подесување. сметам дека поради тоа макс имаше подобри резултати годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ