Хонда решени да си заминат со титула

Јапонците од Хонда си поставиле голема цел за својата последна сезона во Формула 1, а тоа е освојување на титулата пред повлекувањето од спортот. 

Сеуште не успеавме да ја оствариме нашата цел да бидеме шампиони – изјави Масаши Јамамото од Хонда. 

Тој зборуваше вчера при претставувањето на болидот на Ред Бул каде за прв пат се гледа брендингот на Хонда на задното крило. 

Тркањето е наша страст и не сме задоволни се додека не ја освоиме титулата. Си рековме да го донесеме моторот од 2022 година за оваа година. Работиме напорно оваа сезона бидејќи е последна за Хонда во Формула 1. 

Ред Бул ќе ја превземе програмата за мотори од 2022 година, а шефот Кристијан Хорнер уверува дека персонал на Хонда ќе им помогне при склопувањето на моторите. 

Фактот што тие имаат многу напреден развој и тоа што беше планирано за наредната година го носат сега. 

Болидот за оваа година е речиси идентичен со претходникот, а Хорнер очекува тимот да биде поконкурентен оваа сезона. 

Научивме многу оваа сезона и дел од проблемот беше во комплексноста на нашиот воздушен тунел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ