Хонда сакале да ја почнат сезоната со втората спецификација

Јапонците од Хонда првично се надевале да ја почнат оваа Формула 1 сезона со мотор кој подоцна стана нивна втора спецификација, но и покрај тоа се задоволни со напредокот и сработеното во текот на сезоната.

Тие дојдоа до својот прв подиум во В6 турбо хибридната ера во своето деби со Ред Бул на првата трка од сезоната, а сезоната ја прекинаа од 13 години без победа откако во 2019 година победија дури 3 пати.

Во текот на годината тие донесоа три нови. спецификации, една повеќе од нивните ривали, а втората спецификација се појави во Аџербејџан иако првично била планирана за воведната трка во австралиски Мелбурн. Наместо да прават промена во последна секунда, јапонците го изменаџирале својот распоред и решиле да ја одложат таа спецификација.

во однос на развојот на моторот имаме листа со приоритети. тоа се однесува на потребното време и придобивките во перформанси и издржливост така што врз база на тој распоред носиме новини.

со втората спецификација иамвме мало одложување на промоцијата, сакавме со неа ја почнеме сезоната, но не успеавме – откри тојохару танабе од хонда.

Откако го ревидирале својот распоред Хонда ја минале зимата во подготовки за подобрениот мотор за Австралија, додека посилните новини ги чувале за подоцна. Откако втората спецификација им пристигна во Баку, третата дојде во Франција, додека четвртата која беше и најголем исчекор беше претставена на почетокот на вториот дел од првенството.

сезоната ја почнавме со прва спецификација, имаше исчекор до втората, иако мал. се подобривме позначително до третиот мотор, повеќе одошто од првиот до вториот, но најголем напредок беше последната спецификација.

задоволни сме што испорачавме мотор како што ветивме на тимовите и на возачите затоа што точно тоа што го најавивме и го остваривме во однос на напредокот. лично јас како главен крај патеката сум задоволен од напредокот – потенцираше танабе.

Јапонците го еволуираат својот дизајн на моторот секоја година откако зимата помеѓу 2016 и 2017 година се решија комплетно да го променат концептот. Оперативниот шеф на Формула 1 проектот, Масаши Јамамото, изјави дека Ред Бул им помогнале на Хонда да стигнат до целите годинава.

од првата до четвртата спецификација се мина без никакви проблеми и согласно предвидениот распоред. можеме слободно да кажеме дека ред бул се одлични, а макс версапен е супер возач кој ни дава одличен фидбек за развој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ