Хонда сеуште работи на овогодинешниот мотор

Иако Хонда официјално е надвор од Формула 1, јапонците многу им помагаат на Ред Бул во додавање на перформанси на РБ18 пакетот на тимот.

Хонда официјално излезе од Формула 1 на крајот од минатата година, а последната сезона во спортот му помогнаа на Макс Верстапен да дојде до титулата. Следуваше продажба на интелектуалната сопственост односно правата за моторото на Ред Бул, а неколку пати потврдија дека ќе продолжат да му помагаат на тимот од Милтон Кинс и во иднина.

Поради промената на составот на горивото за оваа година во мешавина со поголема био компонента односно од Е5 на Е10, производителите на мотори губат перформанси, а Хонда во моментов работат на враќање на истите. Се вели дека само поради горивото се губат околу 20 коњски сили, така што не е само новата шасија, туку и моторот клучен за догодина.

хонда неуморно работат да го адаптираат моторот, а она што го слушам се позитивни вести и перформанси, но сеуште не сме на нивото од лани. ќе почекаме и ќе видиме како тој мотор ќе изглед на трка – трпелив е доктор марко, советникот за моторспорт во ред бул.

Австриецот откри и дека тимот е согласно распоредот во однос на развојот на новиот болид и покрај тоа што до крајот на сезоната го развиваа ланскиот поради жестоката борба за титулите против мерцедес.

моите информации велат дека работиме според планот, работиме без престан затоа што англичаните се луѓе кои многу почитуваат Boxing Day, останатото е работа.

Запрашан за целите во 2022 година, тој одговори:

главна цел секако дека е титулата, но се работи за огромна проблема на правилата следната година и никогаш не може ништо да се знае во таква ситуација.

мерцедес, исто како и ние, имаат потенцијал, имаат континуитет и имаат луѓе. тоа повторно посочува на ист дуел како и лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ