Хонда смета дека големи подобрувања ќе бидат тешки

Од Хонда веруваат дека значителни подобрувања во моќ ќе бидат тешко достапни во иднина поради моменталната фаза од развојот на моторот во Формула 1.

Хонда се врати во спортот во 2015 година, една година покасно од ривалите, но се мачеше во првите четири сезони, прво со Мекларен, а потоа со Торо Росо, за да стигне до врвот на неверојатно комплицираната технологија. Но во изминатата сезона, инженерите на Хонда направија голем чекор напред. Иако има уште достапни перформанси, потенцијално на истите ќе биде најверојатно ограничен, смета техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе.

Успеавме да го покажеме нашето подобрување и напредок оваа година, не само со Ред Бул, но исто и со Торо Росо. Тоа беше добро за сите луѓе кои работеа на проектот, како и за сите во Хонда. Сакам да продолжиме во оваа насока и следната година. Развојот за следната сезона веќе започна. А потоа мора да притиснеме повеќе за да ја постигнеме нашата цел.

Мислам дека е потешко од претходните сезони. Мора да бидеме прецизни во секоја област, во однос на технологијата, софтверот и менаџирањето крај патеката. Мора да притискаме.

Но голем чекор? Можеби тоа ќе биде малку потешко.

Во последните неколку години, Хонда повеќе пати истакна дека зголемување на моќта во нивниот мотор не е главен предизвик. Но правилниот баланс помеѓу максимална моќ и издржливост е главниот елемент на Хонда. Критичниот сооднос сега е постигнат, откако покажаа 100 проценти издржливост во трките.

Немавме откажување во трките. Тоа беше добро за нас. Но како во ситуацијата со Верстапен, сепак имаше прекин, но тоа е област која може да ја подобриме. Имавме неколку проблеми во тренингот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ