Хонда: Тоа што го постигнавме сеуште не е тоа што го посакуваме

Техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе, вели дека неговиот тим сакал да постигне подобри резултати во текот на 2019 година. Ред Бул ја завршија својата прва сезона во новото партнерство со Хонда на подиумот во Абу Даби благодарејќи на второто место на Макс Верстапен.

Во последните неколку недели, Хонда најави дека ќе продолжат да бидат снабдувач на мотори во 2021 година.

Ова беше ветувачка година, но тоа што го постигнавме сезонава сеуште не е тоа што го посакуваме и каде сакаме да бидеме, така што ќе продолжиме да се подобруваме.

Ова беше наша прва година во хибридната ера да работиме со две екипи, со кои комуницираме многу добро, што пак ни дозволува да правиме чекори напред. Тој напредок се покажа преку 3те победи со Ред Бул и двата подиума со Торо Росо.

Би сакал да им се заблагодарам на двете екипи, тие кои работат на патеката и сите во фабриките во Јапонија, Италија и Велика Британија, како и на сите наши снабдувачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ