Хорнер: Австрија може да е планот за спас на Формула 1

Жестоките здварствени протоколи кои се планираат за Австриското Гранд При може да се планот за одржување на трки на Формула 1 оваа сезона и заживување на сите тркачки серии во екот на здравствената криза. 

Шефовите на Ред Бул Ринг се надеваат дека ќе ја организираат првата трка во Европа оваа сезона и покрај пандемијата.  Многу предлози се “во игра“ вклучувајќи и изолација на Формула 1 персоналот од локалното население, тестови на сите вклучени и забрана за гледачи. 

Ред Бул се обврзани да го започнат првенството и поради тоа Работиме напорно да ја имаме првата трка во Австрија. Патеката е сопственост на Ред Бул и очигледно некои работи се надвор од нивна контрола и се во рацете на владата.

Задолжителен ќе биде скрининг и тестирање кои ќе бидат дел од жестоките мерки за да се одржи трката. Мислам дека ова е планот и за следните трки – откри британецот

Хорнер е јасен дека се планира трка без публика. 

Мислам дека ќе има многу малку луѓе и намален број на членови на тимови кои ќе бидат во еден хотел и нема да може да се мешаат со други. Ќе има многу рестрикции, Многу тестирање и скрининзи и нема мешање со локалното население. Мислам дека тие процедури ќе бидат за да се заштитат луѓето на патеката и покрај неа. 

Иако сите се сомничави за стартот на Формула 1, Кристијан е уверен дека ќе има неколку трки. 

Ние сме тркачки тим и имаме шампионат. Не е замисливо да не се тркаме, мислам дека нема шанси да нема трки. Последниве недели се работи напорно да започнат трките и мислам дека нема шанси да нема трки годинава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ