Хорнер: Агресивната стратегија беше враќање за Барселона

Кристијан Хорнер од Ред Бул објасни дека искуството од Барселона резултирало со агресивна стратегија за Макс Верстапен која му донесе победа на Француското Гранд При.

Холанѓанецот загуби во Шпанија откако Мерцедес ги подели возачите при втората промена на гуми, принудувајќи го Верстапен, кој немаше поддршка од Перез, да остане на патеката. Улогите беа спротивни во Франција каде “биковите“ се осигураа да не направат иста грешка и рано го повлекоа Макс по втора промена победувајќи ги на тој начин Мерцедес.

враќање на долгот. денеска вративме за она што ни го направија во барселона.

имавме одлична трка, беше многу блиску, сите видовме. голема победа за нас, но двете екипи се премногу блиску и ќе биде многу неизвесно до крајот на овој шампионат. сега сме среќни, но не смееме да се опуштиме – смета шефот на екипата.

Запрашан дали само стравот од повторување на Шпанското Гранд При ги натерало на две промени, тој одговори:

сакавме да покриеме било каква можност за напад од мерцедес на тој начин.. не се плашевме, но луис имаше исти ритам со нас и не сакавме да возиме додека траат гумите, а после да мислиме како до крајот.

макс имаше 5-6 кругови да го престигне и луис откако го мина валтери, ја наведна главата и работеше. на крајот, луис беше многу фер и дозволи претекнување, не се ни бранеше агресивно затоа што беше очигледно дека сме многу побрзи поради гуми.

Ред Бул со Верстапен стартуваа од пол позиција, но мораа да бркаат првата серија затоа што грешка на стартот и го загуби водството, а првата серија ја поведе Хамилтон.

беше интересна трка затоа што вететрот влијаеше над макс на првата кривина и среќа што немаше поголем проблем.

потоа луис имаше чист воздух пред себе, јасно беше тоа во првиот и третиот сектор кога хамилтон беше многу брз. пред трката не мислевме дека андеркат ќе биде толку моќен како што беше, но решивме да го искористиме со макс и испадна феноменално со неговиот излезен круг. бевме во добра позиција потоа, слично како во барселона и си рековме дека нема да дозволиме пак да ни се случи истото.

затоа се решивме на втора промена, а потоа оставивме на макс да си ја заврши својата работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ